Политика на приватност на Друштво за трговија и услуги АВТО-МАЧКИ А.М ДООЕЛ увоз-извоз Скопје

Заштитата на приватноста и доверливоста на податоците на клиентите и вработените е од најголемо значење за Друштво за трговија и услуги АВТО-МАЧКИ А.М ДООЕЛ увоз-извоз Скопје (во натамошниот текст: „АВТО-МАЧКИ А.М.“), притоа земајќи ја предвид и природата на работењето како и податоците коишто се прибираат при нивното тековно работење.

Политика за приватност на АВТО-МАЧКИ А.М.има за цел да го објасни процесот на собирање, користење, обработка, откривање, заштита и уништување („животниот циклус“) на личните податоци коишто ги обработува.

Секоја активност поврзана со личните податоци, АВТО-МАЧКИ А.М.ја спроведува во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти донесени врз основа на овој Закон.

За целите на заштита на личните податоци, АВТО-МАЧКИ А.М.има назначено Офицер за заштита на личните податоци (контакт податоци подолу), кого субјектите можат да го контактираат за прашања поврзани со обработката на нивните лични податоци и за остварувањето на нивните законски права. 

1. УЛОГАТА НА АВТО-МАЧКИ А.М. СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

АВТО-МАЧКИ А.М. согласно одредбите на Законот за заштита на личните податоци е Контролор, односно правно лице коешто ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци на субјектите на лични податоци.

2. ОСНОВНИ НАЧЕЛА

Како контролор, АВТО-МАЧКИ А.М. обезбедува заштита и обработка на личните податоци во согласност со важечката правна рамка којашто ја следи на редовна основа и за таа цел обезбедува дека личните податоци на субјектите се обработуваат во согласност со следните начела:

  • Законитост, правичност и транспарентност – личните податоци се обработуваат согласно со закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци;
  • Ограничување на целите – личните податоци се собираат за конкретни, јасни и легитимни / со закон утврдени цели и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели;
  • Минимален обем на податоци – личните податоци кои се обработуваат се соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите отузаради кои се обрабваат. Ова начело е релевантно и во однос на пристапотдо личните податоци кои се обработуваат;
  • Точност – личните подaтоци се точни и, каде што е потребно, ажурирани, при што се преземаат сите соодветни мерки за навремено бришење или корегирање на податоците што се неточни или нецелосни;
  • Ограничување на рокот на чување – личните податоци се чувани во формат кој овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци. Личните податоци може да се чуваат подолго од нивниот рок на чување ако се обработуваат само за целите на архивирање од јавен интерес, за научни или историски истражувања или за статистички цели во согласност закон, а со применување на соодветни технички и организациски мерки заради заштита на правата и слободите на субјектот на личните податоци;
  • Интегритет и доверливост – личните податоци се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка како и нивно случајно уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки; и
  • Начело на отчетност [accountability] – АВТО-МАЧКИ А.М. е одговорен за усогласеноста со горенаведените начела и може да ја демонстрира усогласеноставо секое време, особено по барање / контрола на внатрешните ревизори, Офицерот за заштита на личните податоци или пак Агенцијата за заштита на личните податоци.

Горенаведените начела на обработка се применуваат кумулативно, сите заедно во текот на севкупниот циклус на обработка на личните податоци.

3. КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ КОИШТО СЕ ОБРАБОТУВААТ ОД СТРАНА НА АВТО-МАЧКИ А.М.

АВТО-МАЧКИ А.М. собира, чува и обработува лични податоци што клиентите ги откриваат или веќе ги откриле на АВТО-МАЧКИ А.М., како и потенцијалните и / или постојни клиенти и генерално, лицата кои вршат деловни активности  со АВТО-МАЧКИ А.М.

Особено, АВТО-МАЧКИ А.М. може да врши обработка на следниве лични податоци:

Личните податоци што ги доставуваат субјектите, како што се: назив на физичко лице, име, презиме, ЕМБГ, фирма, ЕМБС, ЕДБ, адреса, поштенски код, град, земја, телефон.

Вработување: име и презиме, датум на раѓање, ЕМБГ, место на раѓање, адреса на живење, државјанство, пол, степен и вид на образование, националност, трансакциска сметка, емаил адреса, телефонски број за контакт – Правен основ за обработување на овие податоци е исполнување на законска обврска која произлегува од Законот за работни односи. Податоци за вработените во АВТО-МАЧКИ А.М. поопширно се објаснети во Анекс 2 на оваа Политика;

Пријави за вработување: име, презиме, датум на раѓање, место на раѓање, адреса на живеење, државјанство, пол, ЕМБГ, степен и вид на образование, работно искуство, емаил адреса, телефонски број за контакт – Правен основ за обработување на овие податоци е исполнување на законска обврска која произлегува од Законот за работни односи. Податоци за кандидатите за вработување во АВТО-МАЧКИ А.М. се поопширно објаснети во Анекс 2 на оваа Политика;

Личните податоци што ги обработува АВТО-МАЧКИ А.М. се чуваат во хартиена и / или електронска форма.

 4. ЦЕЛИТЕ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

АВТО-МАЧКИ А.М. ги обработува личните податоци на субјектите коишто се собираат при воспоставувањето / продолжувањето на деловниот однос со АВТО-МАЧКИ А.М., за следните цели:

A. Во контекст на извршување на договор или пред неговото потпишување, особено:

  1. да гo потврди идентитетот на клиентот;
  2. да оствари комуникација со клиентите при преземањето на преддоговорните дејствија или за прашања поврзани со деловниот однос со АВТО-МАЧКИ А.М., вклучително и да преземе дејствија за наплата на достасаните побарувања на АВТО-МАЧКИ А.М.;
  3. да го подготви, склучи и да управува со Договорот склучен со АВТО-МАЧКИ А.М. и да преземе дејствија за исполнувањето на обврските кон клиентите како и со цел извршување, управување, следење и обработка на клиентските трансакции односно да обезбеди ефикасно да го обезбеди бараната услуга од АВТО-МАЧКИ А.М.;
  4. да ја оцени соодветноста за понуда на услуга

Б. Во контекст на законското и тековното работење на АВТО-МАЧКИ А.М. и заштитата на нејзините права и законски интереси, особено:

  1. да ги развива и / или подобрува услугите што ги нуди АВТО-МАЧКИ А.М. во однос на преференциите на клиентите;
  2. да одговори на Барања / Поплаки од клиенти;
  3. да ги процени и да управува со ризиците во врска со работењето на АВТО-МАЧКИ А.М.;
  4. да спречи извршување на кривични дела (пр. измами) и да идентификува и собира податоци за незаконски активности, за физичко обезбедување на лица и имот (вклучувајќи го и системот за видео надзор);
  5. да ги извршува своите правни побарувања пред судските органи или други тела за вонсудско / алтернативно решавање на спорови,
  6. да ги проценува и оптимизира безбедносните процедури, ИТ системите итн.

В. Врз основа на дадена согласност:

Напоменуваме дека согласност не е потребна во следниве случаи:

  • за извршување на договор склучен со АВТО-МАЧКИ А.М. или со цел преземање на потребните активности во врска со Барањето што клиентот го поднел пред пристапување кон договорот;
  • за исполнување на законска обврска на АВТО-МАЧКИ А.М. како контролор;
  • за заштита на суштинските интереси на клиентите или на друго лице;
  • за извршување на работи од јавен интерес; и
  • кога обработката е потребна за целите на легитимните интереси на АВТО-МАЧКИ А.М. или на трето лице, освен кога таквите интереси не преовладуваат над интересите или основните права и слободи на субјектите за кои е потребна заштита на лични податоци, особено кога субјектот е дете.

АВТО-МАЧКИ А.М. применува соодветни мерки за заштита на правата и слободите и легитимните интереси на субјектите на лични податоци, а најмалку правото на обезбедување на човечка интервенција од страна на АВТО-МАЧКИ А.М., право на изразување на личен став и право на оспорување на таквата одлука. Ваквиот тип на Одлуки не се засноваат на посебни категории на лични податоци, освен во случаите дозволени со Законот за заштита на личните податоци.

5. КОРИСНИЦИТЕ НА КОИ АВТО-МАЧКИ А.М. МОЖЕ ДА ГИ ОТКРИЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ

АВТО-МАЧКИ А.М. ги открива личните податоци на јавни органи во согласност со нивните законски овластувања.

  • Друштва за осигурување – со цел реализација на права од приватно осигурување на вработените (здраствено, пензиско или друг тип на осигурување);
  • Управата за јавни приходи (со седиште бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје) , со цел плаќање даноци остварени од вршење на дејноста
  • Банки и други финансиски институции – со цел комуникација и регулирање на должничкопобарувачки односи меѓу потрошувачи и АВТО-МАЧКИ А.М. и вршење на сметководствени работи поврзани со вработените на АВТО-МАЧКИ А.М.
  • Министерство за внатрешни работи , (со седиште ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје) во случај на безбедносни инциденти поврзани со потрошувачи, вработени или други лица кои би можеле да бидат вклучени во безбедносни инциденти
  • Агенција за заштита на личните податоци (со седиште бул.„Гоце Делчев“ бр. 18), во случај на безбедносни инциденти со прoтекување на информации на вработени или корисници
  • Нотари, извршители или адвокати , во случаи на потреба од правна помош
  • Државен санитарен и здравствен иснспекторат (со седиште Михаил Зонков бб-Скопје), со цел на достава на детали поврзани со извршена или планирана инспекција
  • Царинска управа, со цел спроведување на Законот за возила, при увоз на возила од друга држава
  • Носители на јавни овластувања, Со цел спроведување на законот, под одредени околности, од Компанијата може да се бара да ги открие Вашите лични податоци доколку тоа
  • Други држани органи, само со исклучиво барање од органот со цел спроведување на законот

го бара со закон или како одговор на валидни барања од јавните органи (на пример, инспекциски служби, суд, обвинителство или друг надлежен орган).

Компанијата може да ги открие вашите лични податоци доколку таквата акција е неопходна за:

  • Усогласување со некоја законска норма
  • Спречување или истражување на можни грешки при давањето на услугите од страна на компанијата
  • Заштита на личната безбедност на корисниците на услугата или на јавноста

Обработувачи на податоци кои можат да имаат пристап до личните податоци

· Агенции за наплата на побарувања – со цел вршење на услуги за наплата на побарувања во должничко-доверителски односи со потрошувачи

· Маркетинг агенции – со цел вршење на активности со цел реализација на маркетинг активности, за информирање на потрошувачи за нови продукти и новости поврзани со АВТО-МАЧКИ А.М.

· Надворешни изведувачи на ИТ услуги – со цел вршење на услуги за одржување на системите, администрација и развој на системи и апликации, кои би можеле да имаат пристап до согласностите на клиентите или до податоци на вработените

· Сметководители – со цел извршување на активности од областа на смеководството, давање примања на вработени, плаќање на должности и давачки.

· Надворешни даватели на услуги поврзани со архивирање на податоци со цел водење на архивата кои може да имаат податоци за вработени или за клиенти

· Компанија која врши достава на нарачани продукти

· Компанија која врши хомологација на возила

АВТО-МАЧКИ А.М. соработува само со трети лица кои можат да имплементираат соодветни технички и организациски мерки согласно регулативата и стандардите на АВТО-МАЧКИ А.М., при тоа овозможувајќи соодветна заштита на личните податоци. Во вакви случаи, третите лица (обработувачите на личните податоци) се обврзани со конкретен Договор за обработка на лични податоци кој обезбедува дека личните податоци се обработуваат само во согласност со инструкциите дадени од АВТО-МАЧКИ А.М. и со почитување на заштитни технички и организациски мерки со кои се обезбедува безбедност на личните податоци.

ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ И СОСТОЈБАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ПО ИСТЕК НА ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД

Должината на времето кога ги чуваме Вашите информации зависи од тоа за каков вид на информации станува збор.

Сите податоци поврзани со вработените се чуваат согласно барањата на Законот за работни односи и Законот за архивско работење, односно во временски рок од 45 години.

Сите извештаи за вработени како што се дисциплински и истраги се чуваат 3 години по завршување на работниот однос.

Поплаките кои ги даваат корисниците се чуваат 3 години.

Податоците добиени од купувачите или други клиенти преку потпишување на договор се обработуваат за времетраење до исполнување на облигациите од тој договор и се бришат најдоцна 1 година по исполнување на сите права и обврски кои произлегуваат од тој договор.

Сите добиени согласности од страна на субјектите на личните податоци се чуваат 6 години или до повлекување од страна на субјектот на личните податоци.

Ние ја чуваме нашата евиденција барем за минималниот наведен потребен период на задржување.

6. ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Субјектите на лични податоци имаат одреден сет на права утврдени со Законот за заштита на лични податоци кои се подолу објаснети.

  • Право на информираност (член 16, 17 и 18 од Законот)

АВТО-МАЧКИ А.М. ги информира субјектите на лични податоци за процесот на обработката на податоците, целите на обработката, категориите на лични податоци што се обработуваат, корисниците/категориите на корисници доколку ги има, намерата за преку – граничен пренос (доколку се пренесени,  информации за соодветните заштитни мерки со можност за добивање на копија или информација каде се достапни), временскиот период на чување на личните податоци/критериумите што се користат за одредување на тој период, легитимните интереси на АВТО-МАЧКИ А.М. ако обработката се врши согласно овој основ за обработка на личните податоци, постоењето на автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето, како и информација за правата на субјектите на лични податоци. Во согласност со начелото на транспарентност, АВТО-МАЧКИ А.М. ги информира субјектите на лични податоци за работите поврзани со личните податоци преку: Информациите за субјектите на личните податоци достапно во просториите на АВТО-МАЧКИ А.М. и преку Известувањето за видео-надзор каде што АВТО-МАЧКИ А.М. има поставено камери.

Напоменуваме дека АВТО-МАЧКИ А.М. не е должен да ги достави овие информации во случаите предвидени со Законот за заштита на личните податоци (член 18 став 5).

  • Право на пристап (член 19 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да добијат потврда од АВТО-МАЧКИ А.М. дали се обработуваат нивните лични податоци и доколку се обработуваат имаат право да добијат информации согласно правото на информирање.

  • Право на исправка или дополнување (член 20 и 23 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право на исправка на нивните неточни лични податоци.

  • Право на бришење на податоците (член 21 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да побараат од АВТО-МАЧКИ А.М. да ги избрише нивните лични податоци, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на личните податоци. Во суштина, по барање на субјектот на личните податоци, АВТО-МАЧКИ А.М. ќе ги избрише истите само доколку личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани или пак, каде што е релевантно, субјектот на лични податоци ја повлекол својата согласност а личните податоци биле обработувани врз основа на дадената согласност.

При бришење на личните податоци, АВТО-МАЧКИ А.М. води сметка истите да се избришат и од страна на третите страни со кои АВТО-МАЧКИ А.М. соработува а кои ги обработуваат тие податоци.

  • Право на ограничување на обработката (член 22 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да побараат од АВТО-МАЧКИ А.М. да ја ограничи обработката на нивните лични податоци, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на личните податоци вклучително и под услов обработката да не е повеќе неопходна за усогласување со законска обврска која бара обработка според закон што се применува во однос на АВТО-МАЧКИ А.М.

  • Право на приговор (член 25 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да поднесат приговор до АВТО-МАЧКИ А.М. во секое време, врз основа на конкретна ситуација поврзана со нив, кога обработката на нивните лични податоци се заснова врз основа на легитимниот интерес на АВТО-МАЧКИ А.М. или трето лице или јавниот интерес вклучувајќи и профилирање засновано на овие основи. Доколку личните податоци се обработуваат за цели на директен маркетинг, субјектите имаат право во секое време да поднесат приговор на обработката на личните податоци и да побараат АВТО-МАЧКИ А.М. да ја запре натамошната обработка на личните податоци за тие цели.

– Право на регулирање на било какво автоматско донесување на одлуки и профилирање (член 26 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да не бидат предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка на нивните лични податоци, вклучувајќи го и профилирањето што предизвикува правни последици или на сличен начин значително влијае на клиентот, освен во случаите предвидени со Законот за заштита на личните податоци.

Право на преносливост (член 24 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да ги добијат нивните лични податоци, а кои ги имаат дадено на АВТО-МАЧКИ А.М. во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат при што имаат право да ги пренесат на друг контролор, без попречување од страна на АВТО-МАЧКИ А.М., доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на лични податоци.

Напоменуваме дека Барањето за остварување на правата можете да го поднесете на адреса Митрополит Теодосиј Гологанов бр.28 локал 4, Скопје со назнака „за Офицер за заштита на лични податоци“ или електронски, на е-адресата automilanosk@gmail.com при што треба електронски да го потпишете Барањето или пак да го испратите скенирано пополнетото Барање.

Бараните информации АВТО-МАЧКИ А.М. ќе ги обезбеди без надоместок освен во случај кога Барањата се очигледно неосновани или прекумерни, особено ако се повторуваат истите барања. Во овие случаи АВТО-МАЧКИ А.М. или ќе одбие да постапи по Барањето или ќе наплати надоместок имајќи ги предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на информацијата или постапувањето по Барањето, за што барателот соодветно ќе биде известен.

Исто така, напоменуваме дека доколку се побара повеќе од една копија од личните податоци што се обработуваат, АВТО-МАЧКИ А.М. донесува одлука дали ќе наплати надоместок при што ги зема предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на копиите.

7. СИСТЕМ НА ВИДЕО НАДЗОР

АВТО-МАЧКИ А.М. врши видео надзор во просториите само на просторот кој е доволен за исполнување на целите за кои е поставен, заштита на сопственоста, заштита на животот и здравјето на вработените, и/или обезбедување на контрола на влегувањето и излегувањето од службените простории.

Начинот на вршење на видео надзорот е подетално регулиран со Правилникот за начинот на вршење на видео надзор. Овој Правилник е изработен врз основа на Законот за заштита на личните податоци и релевантните подзаконски акти донесени врз основа на овој Закон.

Снимките направени при вршење на видео надзорот се чуваат до исполнување на целта за кои се врши видео надзорот, но не подолго од 30 дена. По истекот на овој рок снимките автоматски се бришат од системот на видео надзор. Снимките од видео надзорот може да се чуваат подолг временски период ако чувањето е согласно закон во кој се содржани заштитни мерки и други мерки за заштита на правата и слободите на субјектите на личните податоци, но не подолго од исполнувањето на целта. Исто така, снимките може да се чуваат подолг временски период кога тоа е потребно за остварување на легитимниот интерес на АВТО-МАЧКИ А.М. при водење на соодветни постапки согласно закон, и интерните процедури за начинот на чување и бришење на снимките. Видео снимките кои не се бришат автоматски односно кои се чуваат подолг временски период, а за кои е исполнета целта, се уништуваат од страна на посебна Комисија за уништување на видео материјал.

На видливо и јасно место каде што е поставен видео надзор АВТО-МАЧКИ А.М. има соодветно известување (налепница) која истакнува дека се врши видео надзор, како и податоци за името на контролот, целта на видео надзорот, рокот на чување на видео снимките, правата на субјектите на личните податоци, контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци, информации за каде се врши видео надзор како и начинот на кој може да се добијат дополнителни информации.

8. БЕЗБЕДНОСТ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

АВТО-МАЧКИ А.М. ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба. За оваа цел, се применуваат голем сет на технички и организациски мерки со кои АВТО-МАЧКИ А.М. гарантира дека личните податоци се обработуваат строго согласно Законот за заштита на личните податоци и дека се обработуваат од добро обучени лица со ограничен и контролиран пристап до истите и преку безбедни и модерни ИТ системи.

Секој вработен е одговорен за почитување на интерните политики за заштита на лични податоци на АВТО-МАЧКИ А.М. и АВТО-МАЧКИ А.М. има нулта толеранција за случаи кои може да ја доведат во прашање довербата и приватноста на клиентите и пошироката јавност.

Нарушување на безбедноста на лични податоци може да настане во случај на случајно или намерно уништување, губење, менување, откривање или пристап до личните податоци.

Во ваква ситуација, АВТО-МАЧКИ А.М. веднаш откако дознала за нарушувањето на безбедноста а најдоцна во рок од 72 часа ја известува Агенцијата за заштита на лични податоци. Доколку оцени дека станува збор за ситуација каде што постои веројатност да предизвика висок ризик за правата и слободите на клиентите, и се исполнети законските услови од Законот за заштита на личните податоци, ги известува и сите засегнати физички лица.

АВТО-МАЧКИ А.М. има донесено соодветна процедура за начинот на кој вработените треба да пријават до Агенцијата за заштита на личните податоци во случај на настанување на безбедносен инцидент поврзан со протекување или нарушување на лични податоци.

9. ИЗМЕНУВАЊЕ / ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОВАА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Политиката на Приватност е усвоена во 2022 година

АВТО-МАЧКИ А.М. има право да ја ажурира / изменува односно дополнува оваа Политика за приватност на АВТО-МАЧКИ А.М. со цел усогласување со важечката правна рамка или стандардите на друштвото, доколку истите се повисоки во однос на предвидените со националното законодавство.

АНЕКС број 1: ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА ВРАБОТЕНИТЕ НА Друштво за трговија и услуги АВТО-МАЧКИ А.М. ДООЕЛ увоз-извоз Скопје

Оваа Политика се однесува на вработените на АВТО-МАЧКИ А.М., на практикантите и волонтерите во АВТО-МАЧКИ А.М., вработените со договор на дело и на ангажирани лица (во понатамошниот текст: “вработени”). Оваа Политика ги утврдува видовите на податоци што ги обработува АВТО-МАЧКИ А.М. за вработените во АВТО-МАЧКИ А.М., целите на обработка на нивните лични податоци, времето на чување на истите, заштитата, итн.

Категории на лични податоци на вработените што АВТО-МАЧКИ А.М. ги обработува

Врз основа на Законот за евиденции од областа на трудот, Законот за работните односи, Законот за практиканство, Законот за волонтерство и други законски и подзаконски акти од оваа област како и заради исполнување на договорните обврски со вработените на АВТО-МАЧКИ А.М., АВТО-МАЧКИ А.М. ги обработува следните лични податоци:

· име, презиме и татково име на работникот;

  • единствен матичен број на граѓанинот (ЕМБГ);
  • ден, месец и година на раѓање;
  • место на раѓање (општина, населено место и држава);
  • пол (машки-женски);

· живеалиште и адреса (општина, населено место, улица и број и држава);

  • припадност на заедниците;
  • религиска припадност;
  • учество во синдикат;

· место на работа (општина, населено место, улица и број, држава);

· степен и вид на завршено образование (без образование, основно училиште, средно училиште, вишо, факултет, магистри и доктори на наука);

· степен на стручна подготовка, (НКВ, ПКВ, КВ, ВКВ, ССО за занимање):

  • завршени програми за стручно оспособување (обука, доквалификација и преквалификација) и
  • посебни знаења и способности (компјутерски способности, знаење на странски јазици и други вештини);
    • шифра и опис на занимање;

· работно време на работникот (полно работно време или скратено);

  • стаж на осигурување до стапувањето на работа кај работодавачот;
    •  траење на работниот однос:
  • на неопределено време и
  • на определено време;
    • број на трансакциска сметка;
    • износ на плата;
    • податоци за дисциплински постапки и изречени парични казни;
    • дали е трудов инвалид (здравствени податоци);
    • датум на засновање на работниот однос; · датум на престанок на работниот однос;
    • основа за престанок на работниот однос.

Цели на обработка на личните податоци на вработените на АВТО-МАЧКИ А.М.

АВТО-МАЧКИ А.М. ги обработува личните податоци на вработените на АВТО-МАЧКИ А.М. и за потребите на легитимниот интерес на АВТО-МАЧКИ А.М., во следните ситуации:

  • Носење одлука за внатрешно распоредување по сектори, унапредувања, итн…;

· Донесување на одлуки за платата и други бенефиции;

· Обезбедување на договорни бенефиции за вработените;

· Одржување на сеопфатна, ажурирана евиденција за вработените на АВТО-МАЧКИ А.М., со цел да се осигури, меѓу другото, воспоставување на ефикасна коресподенција и одржување на соодветни точки за контакт во случај на некоја итност;

· Ефикасно следење на работењето и ефикасност и преземање соодветни активности, доклку се појави таква потреба;

  • Проценка за потребите за обуки;
  • Ефективно управување за боледувања и одмори на вработените;

· Управување со системот за законско отсуство од работа и плата, како што се породилно отсуство, неплатен одмор, и слично;

· Деловно планирање и реструктуирање;

· Справување со правни постапки против АВТО-МАЧКИ А.М.;

  • Спречување на измами;

Посебни категории на лични податоци на вработените на АВТО-МАЧКИ А.М.

Посебни категории на лични податоци кои ги обработува АВТО-МАЧКИ А.М. се:

  • Здравствени податоци;
  • Етничка припадност;
  • Религиска припадност;        
  • Синдикално учество.

Посебните категории на лични податоци се обработуваат заради:

  • интерните процедури за отсуство на вработените од здравствени причини;
  • извршување на разумни прилагодувања за лица со попречености;

· одредување на неработни денови согласно изјаснетата религиска припадност на вработените на АВТО-МАЧКИ А.М.;

· за финансиска помош на вработени и/или членови на нивното поблиско семејство во случај на потешки здравствени и сл. вид на незгоди/несреќи.

Врз основа на законските прописи за заштита на личните податоци, АВТО-МАЧКИ А.М. не е обврзана да обезбеди посебна согласност за обработка на посебните категории на лични податоци со цел да ги спроведе своите законски обврски коишто произлегуваат од прописите за работни односи, социјално и здравствено осигурување. Во зависност од целта на обработка, можно е во одредени ситуации да побараме согласност за обработка на посебни категории на лични податоци. Во тој случај, вработените се целосно запознаени со причините за обработката.

Корисници и пренос на лични податоци

АВТО-МАЧКИ А.М., доколку е потребно може да ги открие личните податоци на овластени колеги од секотрите во рамки на компанијата, кои обработуваат лични податоци врз основа на договор и дадена изјава за тајност и заштита, и кои вршат увид на податоци само доколку се овластени од страна на управител доколку е неопходно со цел да ги извршат своите работни задачи; соодветен раководител заради менаџирање со работните обврски; вработените во Секторот за кадри на АВТО-МАЧКИ А.М. заради оддржување на досиејата на вработените и/или внесување на податоците во соодветните системи.

Безбедност на обработка на лични податоци

АВТО-МАЧКИ А.М. ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци на вработените се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба.

Време на чување на лични податоци

Во согласност со начелата за заштита на личните податоци, АВТО-МАЧКИ А.М. ги обработува личните податоци само онолку колку е потребно за исполнување на целите на обработката. Во текот на времетраењето на вработувањето, личните податоци на вработените се водат во евиденцијата на вработени, а по престанокот на работниот однос, во согласност со Законот за архивски материјал, Политиката за чување и уништување на документи и електронски записи и Законот за евиденции од областа на трудот, се чуваат како документ од трајна вредност. Во однос на другите податоци од досието, периодот на чување на податоците може да варира, во зависност од целите на обработката на личните податоци.

Сите податоци поврзани со вработените се чуваат согласно барањата на Законот за работни односи и Законот за архивско работење, односно во временски рок од 45 години.

Сите извештаи за вработени како што се дисциплински и истраги се чуваат 3 години по завршување на работниот однос.

Поплаките кои ги даваат корисниците се чуваат 3 години.

Податоците добиени од потрошувачите или други клиенти преку потпишување на договор се обработуваат за времетраење до исполнување на облигациите од тој договор и се бришат најдоцна 1 година по исполнување на сите права и обврски кои произлегуваат од тој договор.

Снимките направени од видео надзорот се чуваат 30 денови по што автоматски се бришат.

Автоматско донесување на поединечни одлуки

АВТО-МАЧКИ А.М. не ги обработува личните податоци на вработените за носење автоматски одлуки поврзани со вработените.

Права согласно Законот за заштита на личните податоци

Правата на вработените во врска со личните податоци и начинот како да ги остварат истите се опишани во Политиката за приватност на АВТО-МАЧКИ А.М.

Податоци за контакт

За сите прашања со оваа Политика или други прашања поврзани со заштитата на личните податоци, се опишани во Политиката за приватност на АВТО-МАЧКИ А.М.

АНЕКС број 2: ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО Друштво за трговија и услуги АВТО-МАЧКИ А.М. ДООЕЛ увоз-извоз Скопје

Оваа Политика се однесува на кандидатите за вработување во АВТО-МАЧКИ А.М. (во понатамошниот текст: “кандидати”). Оваа Политика ги утврдува видовите на податоци што ги чува АВТО-МАЧКИ А.М. за кандидатите за вработување, целите на обработка на нивните лични податоци, времето на чување на истите, итн.

Категории на лични податоци на кандидатите за вработување што АВТО-МАЧКИ А.М. ги обработува

АВТО-МАЧКИ А.М. ги обработува следните лични податоци на кандидати за работа:

  • Име и презиме, адреса, датум на раѓање, телефонски број;
  • Слика и тоа единствено со изречна согласност од кандидатот, дадена во согласност со Законот за заштита на личните податоци;
  • пол;
  • информации вклучени во CV-то, вклучувајќи степен на образование и историја на вработување;

 • документација за потврдување на правото кандидатот да работи во Република Северна Македонија;

  • возачка дозвола (за одредени работни позиции).

Цели на обработка на личните податоци на кандидатите за вработување во АВТО-МАЧКИ А.М.

Дополнително, АВТО-МАЧКИ А.М. има легитимен интерес да ги обработува личните податоци на кандидатите за вработување заради следниве цели:

  • Носење одлука кому да му се понуди вработување од кандидатите пријавени за работното место, внатрешно распоредување по сектори, унапредувња и слично;
  • Донесување на одлуки за платата и други бенефиции;
  • Проценка за потребите за обуки.

Доколку апликацијата не е успешна и на кандидатот не му е понудено работното место, личните податоци нема да бидат употребени за било каква друга причина. Истите ќе бидат уништени од базата на податоци на АВТО-МАЧКИ А.М. При горниот случај, АВТО-МАЧКИ А.М. може да побара согласност од кандидатот за да ги зачува неговите лични податоци во базата на податоци на потенцијални кандидати за вработување, во случај да се појават соодветни слободни работни места во организацијата за кои смета дека би сакале да аплицираат во рок од 1 или 2 година максимум.

Корисници и пренос на Вашите лични податоци

Како кандидат за вработување во АВТО-МАЧКИ А.М., АВТО-МАЧКИ А.М. ги открива личните податоци на раководителот на Секторот за работното место за коешто аплицирал кандидатот, како и на останатите вработени лица во АВТО-МАЧКИ А.М. задолжени за интервјуирање и селекција на кандидати.

Безбедност на обработка на личните податоци

АВТО-МАЧКИ А.М. ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба.

Време на чување на личните податоци

Во согласност со начелата за заштита на личните податоци, АВТО-МАЧКИ А.М. ги обработува личните податоци само онолку колку е потребно за исполнување на целите на обработката, а истото зависи од тоа дали апликацијата на кандидатот ќе биде успешна или неуспешна.

Доколку апликацијата е неуспешна, и притоа АВТО-МАЧКИ А.М. нема согласност од кандидатот да ги чува неговите лични податоци за идни отворени работни позиции во АВТО-МАЧКИ А.М., личните податоци ќе ги чува најмногу 60 дена од денот на завршување на изборот за работната позиција.

Доколку АВТО-МАЧКИ А.М. побарал и добил согласност за чување на личните податоци за идни отворени работни позиции во АВТО-МАЧКИ А.М., податоците ќе ги чува во период од 1 или 2 години, во зависност од согласноста.

По завршување на овој период АВТО-МАЧКИ А.М. ќе ги уништи личните податоци, освен во случај ако порано кандидатот ја повлекол согласноста.

Доколку апликацијата е успешна, личните податоци ќе бидат пренесени во евиденцијата на вработени на АВТО-МАЧКИ А.М.

АНЕКС број 3: ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА ВЕБ-СТРАНАТА И ОНЛАЈН СЕРВИСИТЕ НА АВТО МАЧКИ А.М.

АВТО МАЧКИ А.М. собира податоци за посетителите / корисниците на својата веб – страница (во натамошниот текст: „корисниците“), достапна на следниот линк: https://automilano.com.mk/.

Веб-страницата може да вклучува линкови до други веб-страници кои се под одговорност на трети лица (физички или правни лица). Во никој случај АВТО МАЧКИ А.М. не е одговорна за мерките за заштита и управување со личните податоци во однос на гореспоменатите веб- страници на трети лица.

Личните податоци кои се собираат преку веб-страната и онлајн сервисите на АВТО МАЧКИ А.М. се потребни во моментот кога корисникот ќе ја побара услугата или посети страницата. АВТО МАЧКИ А.М. може да ги обработи сите или дел од дадените лични податоци од корисниците со цел да ја обезбеди е-услугата како и за статистички/аналитички цели со цел подобрување на услугите и корисничкото искуство.

Поконкретно, АВТО МАЧКИ А.М. ги собира следните податоци:

– Лични идентификациски податоци

АВТО МАЧКИ А.М. може да собира лични идентификациски податоци од корисниците на разни начини, а во врска со активностите, услугите, карактеристиките или достапните ресурси на веб- страницата и онлајн сервисите на АВТО МАЧКИ А.М..

Корисниците може да ја посетат страницата и анонимно преку „инкогнито моуд (incognito mode)“ на интернет пребарувачот.

АВТО МАЧКИ А.М. ги собира личните идентификациски податоци од корисниците само доколку тие самите се согласат да ги достават до АВТО МАЧКИ А.М.. Истите можат во секое време да одбијат да ги достават личните идентификациски податоци.

Лични податоци кои АВТО МАЧКИ А.М. може да ги собира и обработува кога ги посетувате веб- страницата или останатите онлајн услуги, се податоците добиени од страна на колачињата.

– Идентификациски податоци што не се лични

АВТО МАЧКИ А.М. може да собира и идентификациски податоци за корисниците што не се лични, секогаш кога ја посетуваат веб – страницата или онлајн сервисите на АВТО МАЧКИ А.М.. Идентификациските податоци што не се лични може да вклучуваат:

– Data tracking, односно името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на веб – страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет – услугата и слични информации,

– Времетраење на посета како и времетраење на одреден проблем кој настанал при користењето на веб-страницата или онлајн сервисите,

– Псевдоминизиран ID (единствен идентификациски број) кој се чува со цел да се идентификува корисникот кога повторно ја посетува веб-страницата,

– Маркетинг податоци, односно податоци кои укажуваат на АВТО МАЧКИ А.М. кои реклами и промоции ги прегледал корисникот и сл.,

– Локациски информации, односно податоци за локацијата од каде е отворена веб- страницата или е пристапено кон онлајн сервисите.

Сите овие информации се собираат со цел да се креира псевдоаномизиран профил на корисник. На овој начин се заштитуваат личните податоци на корисникот.

“Колачиња (анг.: Cookies)”

Веб – страницата на АВТО МАЧКИ А.М. може да користи „колачиња” со цел да се подобри корисничкото искуство, да се подобри пристапот до одредени услуги на АВТО МАЧКИ А.М., да се идентификуваат најчесто посетуваните области како и да се процени ефективноста на на веб – страницата но притоа не се обработуваат личните податоци на корисникот . „Колачињата“ се мали текстуални (text) фајлови кои се испраќаат до компјутерот на корисникот со цел да се обезбеди техничка функционалност на веб-страницата и да се персонализира корисничкото искуство (пр. „колаче“ кое ги памти преференциите на корисникот при следна посета на веб-страницата).

АВТО МАЧКИ А.М. користи „колачиња“ кои спаѓаат во четири категории:

– Строго неопходни колачиња. Овие колачиња се секогаш активни поради функционалноста на веб-страницата.

– Аналитички колачиња. Податоците кои се обработуваат со овие колачиња се поврзани со начинот на кој се користи веб-страницата од страна на корисниците (од каде доаѓа посетителот, кои страници ги посетува, и сл.). Овие податоци не се користат за маркетинг или други цели освен за подобрување на корисничкото искуство на посетителот.

– Маркетинг колачиња. АВТО МАЧКИ А.М. не користи „колачиња“ кои собираат податоци кои потоа се обработуваат за маркетинг цели. Истовремено, има воспоставено колаче од Google AdSense (трета страна) за нивни маркетинг цели (таргетирање на посетителите додека посетуваат различни веб-страници). Истите се користат согласно Политиката за приватност на Google.

– Колачињата од трети страни. Колачиња од трети страни овозможуваат различни функционалности на нашиот сајт како (рекламирање, фукнции на социјални медиуми, аналитики). Овие колачиња не се во сопственост на АВТО МАЧКИ А.М. и АВТО МАЧКИ А.М. нема контрола врз нив и како тоа ке бидат истите искористени.

При првата посета на веб-страницата на АВТО МАЧКИ А.М. посетителот добива информација за политиката на „колачиња“ на АВТО МАЧКИ А.М. и дава согласност за користење на истите. Во таа насока, напоменуваме дека „колачињата” коишто се неопходни од технички аспект со цел корисниците да ја користат веб – страницата на АВТО МАЧКИ А.М. не е можно да се исклучат.

Во однос на останатите видови “колачиња”, коишто не се неопходни за општата функционалност на веб – страницата, предвидена е можност да ги одбиете или да се согласите да ги прифатите. Корисниците може во секој момент да ги изменат преференциите.

Дополнително, користењето на веб-страницата на АВТО МАЧКИ А.М. не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за корисничкото искуство на посетителот.

ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

• За подобрување на функционалноста на веб-страницата и онлајн сервисите

АВТО МАЧКИ А.М. постојано се стреми да ја подобри понудата на својата веб – страница и онлајн сервиси базирано на повратните информациите што ги добиваме од корисниците.

• За подобрување на услугите на АВТО МАЧКИ А.М. кон клиентите

Личните податоци помагаат поефикасно да одговориме на барањата на корисниците за дадени услуги или поддршка што им е потребна (пр. процесирање на трансакции, верификација на идентитет, спречување измами, аналитика, итн.).

БЕЗБЕДНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Како што е опишано во Политиката за приватност на АВТО МАЧКИ А.М., АВТО МАЧКИ А.М. применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на личните податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на веб – страницата или онлајн сервисите на АВТО МАЧКИ А.М..

ВЕБ-СТРАНИЦИ НА ТРЕТИ ЛИЦА

Корисниците може да најдат реклами или друга содржина на веб – страницата на АВТО МАЧКИ А.М., кои водат кон други страници и сервиси на наши партнери, снабдувачи, рекламни фирми, спонзори, и други трети лица. АВТО МАЧКИ А.М. не ја контролира содржината или врските што се присутни на тие страници и не е одговорна за постапките на вработените од страниците што се поврзани кон или од веб – страницата на АВТО МАЧКИ А.М.. Дополнително, наведените страници или сервиси, вклучувајќи ги содржината и врските, може постојано да се менуваат. Наведените страници или сервиси може да имаат сопствена Политика за приватност на личните податоци на нивните веб- страници и посебна Политика за односи со клиенти. Пребарувањето и интеракцијата со било која друга страница, вклучувајќи ги и страниците што имаат врски кон веб – страницата на АВТО МАЧКИ А.М. е предмет на конкретните правила и политика на односните страници.

ПРОМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Политиката за приватност е усвоена во 2022 година

АВТО МАЧКИ А.М. има право да ја ажурира / изменува односно дополнува оваа Политика за приватност на личните податоци на веб – страната на АВТО МАЧКИ А.М., со цел усогласување со важечката правна рамка. Во ваков случај, АВТО МАЧКИ А.М. ќе објави известување на својата веб-страница со наведување на датумот на измена и кои се измените во Политиката.